ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ

Деновиве обилни дождови зафатија делови од Балканот. Медиумите јавуваат дека најмалку шест лица ги загубија животите во големите поплави кои го погодија Балканот.

Има настрадани лица на северозападот на Албанија, каде се поплавени илјадници хектари земјоделско земјиште и стотици куќи.

Во поплави во Црна Гора и делови од Србија за време на викендот загинаа четири лица.

Обилниот дожд кој синоќа ја зафати земјава предизвика поплави во поголем дел од општина Тетово. Според информациите под вода се најдоа голем број улици, дворови и подруми.