ТЕРА

REKLAMA???

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА ЗА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Србија и Косово постигнаа договор околу спорното прашање за документи за лична идентификација, изјави денеска комесарот на ЕУ за надворешна политики и безбедност Жозеп Борел, пишува Радио Слободна Европа.

Тој на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер објави дека Србија се согласила дека нема да им издава влезни и излезни документи за жителите на Косово, додека Косово се согласи да не воведува такви документи за жителите на Србија.

„Србите што живеат во Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да слободно да се движат меѓу Косово и Србија користејќи ја само личната карта. ЕУ доби гаранција од Курти за тоа“ напиша Борел на Твитер.

Тој додава дека ова е европско решение и дека им честита на двајцата лидери за одлуката и лидерството.

Прашањето за регистарските таблички кое досега беше спорно во односите меѓу Србија и Косово се уште не е решено.