„Презимето кај Македонците“ е насловот на книгата која беше промовирана во Битола, од авторката д-р Елка Јачева-Улчар.

Пред промоцијата се сретнавме со авторката и ни кажа дека во Битола дошла на покана на нејзината драга пријателка Даринка Крстанова, која заедно со научното друштво ја организираа оваа промовија.
Зошто презимињата, ја прашавме Јачева-Улчар. Вели тие се своевидни споменици на културата.

Првите никулци за презиме на македонска територија се среќаваат во Битолскиот триод, ракопис од XII век од македонска црковнословенска редакција.
Книгата „Презимето кај Македонците“ е наменета за сите оние што сакаат да знаат повеќе за: Македонија, Македонците, македонскиот јазик, историјата на Македонија, нејзината култура и традиција при именувањето.












