ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА

Французите денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори.

Актуелниот претседател Емануел Макрон е фаворит во анкетите. Но, неговата предвидена маргина на победа е многу помала отколку кога беше избран во 2017 година, а тој се соочува и со жестока конкуренција од Марин Ле Пен од крајната десница, пишува Радио Слободна Европа.

Ако победи, Макрон ќе биде првиот француски претседател по Жак Ширак во 2002 година кој освоил втор мандат.

Анкетите покажуваат дека многумина не се сигурни за кого да гласаат, а излезноста би можела да биде многу помала од вообичаеното, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Анкетите исто така покажаа и дека гласачите се незадоволни од економската политика на Макрон, но невработеноста е на најниско ниво во последните години и испитаниците не мислат дека некој од неговите противници би поминал подобро.