Интернет, Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи заедно со телефоните, таблетите и другите поголеми или помали компјутери станаа интегриран дел од животите на луѓето. Македонците постојано „висат“ на интернет. Старо и младо, дење-ноќе, вели анализата на Државниот завод за статистика направена по пописот на населението.
Една реклама за марка мобилни телефони на својот крај вели …. „Прашај го интернет“ ; Две пријателки пензионери во својот CHAT (разговор) си кажуваат дека некој во нивно време познат убавец станал вдовец. Други осум на заедничкиот профил коментираат за тесните чизми кои ги купиле ONLINE затоа што ги привлекла цената. А биле и убави.
Развојот на технологијата на комуникации преку глобална мрежа од милијарди компјутери и други електронски уреди наречена INTERNET овозможува да пристапите до речиси секоја информација, да комуницирате со кој било друг во светот, да испратите потпишани документи. За волја на вистината, може и да добиете закани, да бидете навредени, дури и измамени. Сето ова можете да го направите со поврзување на Интернет, што се нарекува и “одење онлајн”.
Станувајќи најдобра разбигрижа на населението, државата прави и годишна статистика на користење на информациски и комуникациски технологии, структурирани по населено место, корисници по пол и возраст и корисници кои купиле некогаш ( или секогаш ) нешто ( или сешто).
Лани ова време, пристап до интернет имале 88% од населението во градот и 85% од населението во селата. Или, немале пристап до интернет само 9 % од жителите на градовите, а 12 % од македонските села.
Анкетите на ДЗС за користење на интернет се однесуваат на возрасната популација од 15 до 74 години. 100% на интернет „висат„ младите на возраст од 15 до 24 години, но не заостануваат ниту ниту „големите“ на возраст од 24 до 55 години. Повозрасните, тие меѓу 55 и 74 години, помалку го користеле интернетот – 78%.
62% од сите овие групи, било кога купиле нешто на интернет. А се купувало. Најмногу облека, обувки, чанти и накит. На второ место се производи од спортска опрема , детски играчки, мебел и делови од мебел и козметика, витамини и апчиња за слабеење. 87% од продавачите кои заработиле преку интернет се од државата, 18% од земјите на Европска Унија, а 13% од другите земји на светот ( Кина , Индија, САД).
Сите групи анкетирани и анализирани од ДЗС , праќале и примале електронска пошта, разменуувале пораки преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber, телефонирале преку овие апликации, наоѓале информации за производи и услуги. Најмал е процентот лица кои онлајн учествувале во гласање за дефинирање на политички и граѓански проблеми и тие кои читале весници и книги, а најголем тие кои улчествувале во социјалните мрежи – креирале кориснички профили, испраќале пораки и други прилози на Фејсбук и Твитер.
Повеќе на темата видете на интернет, на tera.mk.












