ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ВО БИТОЛА ДО 14 СТЕПЕНИ

Утрово -1 степен на Попова Шапка, Маврови Анови, 0 Лазарополе, Берово, Крушево, 1 Прилеп,  Битола, 2 Претор, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Велес,  Кавадарци, Охрид, Тетово, Крива Паланка, 7 Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, Гевгелија,  6 Штип, 8 Дојран.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 11 л/м2 наврнаа во Гевгелија, 8 Струмица, 7 Виница, 6 Радовиш Пожар, 5 Крива Паланка, 4 Охрид, 3 Лазарополе, Куманово, 2 Берово, 1 Маврови Анови, Демир Капија, Претор, Штип, Битола, Дојран, Скопје – Петровец.

Во текот на ноќта и утринава се задржа претежно облачно со ретка појава на краткотраен дожд понекаде. Апочна да дува претежно северен до северозападен ветер. Изутринава е променливо облачно со услови за слаб локален дожд и дува слаб северен ветер.

Времето денеска променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови и на крајниот исток со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени. Во Битола до 14 степени.