Утрово најстудено со -7 степени беше на Попова Шапка, -4 Скопје-Петровец, -3 Куманово, Крушево, -2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Прилеп, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, -1 Струмица, Кавадарци, 0 Берово, Битола, Дебар, Претор, 1 Охрид, Виница, Гевгелија.
Најмногу дожд 11 л/м2 наврна во Берово, 10 Струмица, 6 Виница, Демир Капија, Крушево, 5 Штип, Кавадарци, 3 Прилеп, Гевгелија, 2 Скопје-Петровец, Претор, Дебар, 1 Попова Шапка, Тополчани, Охрид, Велес, Битола.
Управата за хидромтеоролошки работи информира и за тоа дека висината на снежната покривка на Попова Шапка е 37 см, 35 во Маврови Анови, 15 во Крушево.
Времето денеска променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2).
На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.












