Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Утринската во Битола до 5, а дневната до 12 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.












