ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА НА МЛАДАТА АВТОРКА ИВАНА ХРИСТОВА

Се одржа промоцијата на книгата ,,Огнот во мене” од младата авторка Ивана Христова.

Авторката информира дека промотори беа Гордана Такец и Марјан Тасевски кои на присутните им прочита мал дел од песните кои се наоѓаат во книгата.

Книгата е во издавништво на Графо Пром – Битола, а рецезенти се Гордана Такец и Игор Трајковски Фоја.

Како што вели Ивана, оваа книга и е прва и тоа збирка поезија која содржи 30 песни. Во неа ја опева мудроста на животот, слабостите на човекот, осветлувањето на младоста, стожерот на постоењето и сите оние животни проблеми кои се дел од секојневието на една млада душа.

Ивана Христова е родена во Битола. Таа учи во ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи” -Битола. Пишува од своја 11 годишна возраст, а како основец и средношколец има учествувано и учествува на многу регионални и меѓународни литературни конкурси и манифестации за проза и поезија.