ТЕРА

REKLAMA???

ПУШТЕНА ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ

„Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја  пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце.

Пругата е долга 31 километар, и, Николовски се надева, ќе значи нов економски развој и напредој за регионот, којшто најмногу треба да се развива во државата, регион кој дефинитивно заслужува поголем економски напредок.

Според директорот на Железници Инфраструктура, голем бил предизвикот да се заврши овој проект навреме, тоа се стори, а Николовски изрази пофалва и благодарност до сите директно вклучени. „Завршувањето покажува не само посветеност и одговорност, туку дека во Македонија можат да се реализираат и големи инфраструктууни проекти и оваа е само поттик да се продолжи понатаму и за втортата фаза, а секако и за реализација и за третата фаза за која што ќе ни треба заеднички договор со соседна Бугарија. И како што често кажувам,  ова е за да се поврземе, а не да не се поврземе со Софија, бидејќи значењето на оваа пруга е доколку имаме целосно поврзување на коридорот 8.“ – рече вицепремиерот Александар Николовски, додавајќи „Користењето на оваа пруга ќе значи многу на локалното население,  ќе значи многу и за бизнисот, инсистираме карго сообраќајот да се развива и веќе зборувавме за одредени делови на карго сообраќајот на оваа пруга за да може полесно да се равива бизнисот. “

„Последниот воз кој се обратил на овие правци е далечната 1996 година и практично нејзината изградба стана мит за лагите и неуспесите на, за жал на, многу Влади потоа. Речиси 28 години потоа, еве на еден убав настан, каде сме сведоци на пуштањето во употреба да модерна железница, важен сегмент на Коридорот 8- рече премиерот Христијан Мицковски во оваа пригода.

Тој денеска информираше и дека „иако Куманово и  Скопје се близу и поврзани со железница, сега нема воз“, но најави за две до три недели со поддршка на ЈП „Железница Транспорт“ ќе започне редовна линија Скопје-Куманово, којашто во одредени денови ќе пристигнува и до Бељаковце.