ТЕРА

REKLAMA???

РЕК БИТОЛА ИЗРАЗИ ЖАЛЕЊЕ ЗА ТРАГИЧНИОТ НАСТАН И СООПШТИ ДЕКА ПРЕЗЕЛЕ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ

Во врска со денешниот протест и блокада на патот Битола-Маково кај Новаци се огласија од РЕк Битола од каде велат дека целосно ја разбираат загриженоста на жителите на Новаци за безбедноста во сообраќајот кој се одвива по регионалниот пат кој минува низ селото.

Понатаму во соопштението се вели:

„Последниот трагичен настан во кој настрада жител на Новаци мора да биде навистина последен. Изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејството на настраданиот. РЕК Битола презеде конкретни чекори и оствари средба со економските оператори кои вршат транспорт на јаглен во комбинатот на која беше подвлечено дека безбедноста на граѓаните е приоритет.

Комбинатот ќе направи се што е во рамките на неговите можности за да се спречат слични појави во иднина. Апелираме до жителите на Новаци кои секојдневно го користат регионалниот пат Новаци – Битола, како и до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец, да се придржуваат кон поставената сообраќајна сигнализација, како и кон условите на патот.

Благодарни сме за постојаниот ангажман на македонската полиција која често го контролира движењето на возилата на оваа делница и ги охрабруваме полицајците уште почесто и уште поригорозно да ги санкционираат несовесните возачи.

РЕК Битола е партнер на локалната заедница на село Новаци повеќе од 40 години и претставува не само најголем извор на електрична енергија во државата, туку и извор на егзистенција и на живот за новачани. Убедени сме дека со заеднички сили ќе го надминеме и овој предизвик, стои во соопштението од РЕК Битола.