ТЕРА

REKLAMA???

СВР БИТОЛА ЗА АКЦИИТЕ ПРОТИВ ДРОГАТА И ОРУЖЈЕТО

Секторот за Внатрешни работи во Битола интензивно презема мерки и активности во откривање на кривични дела поврзани со недозволената трговија со дрога и оружје, но и другиот криминал на подрачјето на својата надлежност. Битола предничи со најмногу откриени дилери, а Крушево – нема  вакви регистрирани кривични дела.

Секторот за внатрешни работи секојдневно работи на пронаоѓање на лицата кои прават кривично дело според сите точки од  членовите 215 и 216 од кривичниот законик на државата –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и, Овозможување на употреба наркотични дроги, информира денеска Сања Стаматова, портпаролот на СВР Битола.

„На подрачјето на СВР Битола, во период од месец јули 2024 до месец јануари 2025 година извршени биле вкупно 27 претреси на домови по чл.215 и чл.216 од КЗ во делот на недозволената трговија со дрога и психотропни супсанци, од кои повеќето се на подрачјето на Битола при што биле лишени 134 дилери на дрога.“

Полицијата во 2024 година запленила  52 килограми марихуана, 34,98 грама кокаин, 1,65 грама хероин. Во Крушево нема дрога или барем нема регистрирано ваков криминал, но низ улиците на Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар припадниците на полициските станици на овие градови, дел од СВР Битола запленувале и амфетамин, метамфетамин, метадон, бупренорфин, семки од канаби, мешавина од тутун и канабис. На улиците низ пелагонискиот регион ја има и МДМА – дрога  попозната како екстази, во таблети, но и во чиста кристална форма. И оваа последната е психостимулативна супстанца, а во последно време во светот се позачестено се наметнуваат нејзините терапевтски својства неопходни кај психолошки состојби како посттрауматски клинички растројства.

„Полициски службеници од СВР Битола за период од месец јули 2024г до месец јануари 2025 г лишија од слобода 134 дилери на дрога и запленија поголемо количество на опојни дроги и психотропни супстанции на подрачје на СВР Битола Во делот на недозволена трговија со дрога, полициските службеници од СВР Битола , во период од месец јули 2024 до месец јануари 2025 година откриле 65 кривични дела по член 215 и член 216 од кривичен Закон, при што биле поднесени 51 кривични пријави против 109 сторители.“ – вели Стаматова,  додавајќи „На подрачјето на СВР Битола, во период од месец јули 2024 до месец јануари 2025 година извршени биле вкупно 27 претреси на домови по чл.215 и чл.216 од КЗ во делот на недозволената трговија со дрога и психотропни супсанци, од кои повеќето се на подрачјето на Битола при што биле лишени 134 дилери на дрога.“

Според извештајот, полицајците и инспекторите на СВР Битола преземале активности и за откривање на нелегално оружје во регионот, според членот 396 од кривичниот законик – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Во делот со недозволена трговија со оружје, полициските службеници на подрачјето на СВР Битола за извештајниот период имаат поднесено 15 кривични пријави против 16 сторители по чл.396 од кривичен Закон, при што запленети биле: 91 парчиња оружје, 3176 парчиња муниција и 9396 парчиња пиротехнички средства како и 238 делови за оружје.“ -пренесува Стаматова.

Извештајот на Секторот за внатрешни работи за 2024 година уште вели дека пронашле и лишиле од слобода лица кои се барале со потерница и тоа 36 лица во Битола и 35 лиц на подрачјето на Прилеп. Сите се барале со судска наредба за издржување на казна затвор за извршени кривични дела низ државата.