Битолската СДСМ од прес конференција побара од градоначалникот на Битола, да каже по кој основ пари од буџетот добивал портпаролот на битолската ВМРО ДПМНЕ.
„Градоначалникот Тони Коњановски и екипата околу него со парите наменети за културни настани задоволуваат лични и партиски интереси на функционери од ДПМНЕ.
Од платформата “Отворени финансии” на Министерство за финансии, јасно се гледа дека на портпаролот на ДПМНЕ во Битола, Васко Мавровски, на неговиот театар и на неговата сопруга, исплатени се скоро половина милион денари од парите на битолчани само годинава.
Театарот добил 41.500 денари на 20 јануари, па 100.000 денари на 24 јуни и 250.000 денари на 16 август.
Васко Мавровски на 12 јули добил 35.000 денари, а неговата сопруга Јулијана Мирчевска Мавровска на 30 јуни добила 8.000 денари.
Само за оваа година, на брачниот пар Мавровски исплатени им се вкупно 434.500 денари од Буџетот на Општина Битола. Плус,м платите што ги земаат во Битолскиот театар каде двајцата се вработени.
Градоначалникот Тони Коњановски да кажи по кој основ се исплатени овие суми, бидејќи од платформата “Отворени финансии” не може да се види основот.
За овие промени зборуваа од ДПМНЕ? Со Коњановски загарантирано е само богатењето на партиски послушници“ рече Андреј Стојановски од СДСМ Битола.












