Градоначалникот Тони Коњановски денеска кажа дека и соопштил на министерката за култура зошто не поминал проектот „Парк“ во Советот на Општина Битола, притоа обвинувајќи ги и советниците од СДСМ.
На ова попладнево возвратија од СДСМ.
„Две недели ДПМНЕ ја “распна” министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска дека парите од културата ги дели по партиска основа.
Арно, ама, испадна дека еден од проектите кои добија поддршка, за амбасадор ја има сопругата на секретарот на Општина Битола!
И сега, шу прајме? Или уметницата е од СДС или неопределена што значи секретарот ниту домашните не можи да ги убеди во своите политики! Или, пак, дека ДПМНЕ две недели ширела хистерија без основа!
Ова второто е поверојатно за ДПМНЕ. Да лажат, да манипулираат, да клеветат!“ стои во реакцијата на СДСМ.













