Од 2013 година немало корекција на цената на услугата за корисниците на Старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, кога за лице за кое е потребна и помош се уште се плаќа 11.737 денари.
Заради растот на цените на речиси се во изминатите две години и заради енергетската и економската криза, сега домот бара Советот да дозволи зголемување на 14.500 денари.
Досега за лица за кое не е потребна помош месечно се плаќа 9.711 денари, а со корекцијата се бара 12.000 денари.
Директорката на домот Марина Крстиќ ваквото барање го образложи на седницата на Комисијата за финансии и буџет.
Четворица советници гласа „за“ ,а еден беше „против“. Следна фаза е денешната седница на Советот на Општина Битола каде како точка на дневен ред е ставено ова барање.












