И вечерва механизација работи на расчистување на патот кој води до хотелот „Молика“ на Пелистер.
Како што вели директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков се работи на потегот од некогашното Детско одморалиште кон хотелот „Молика“.
Исков вели дека синоќа интеренираше механизација на „Македонија пат“ во чија што надлежност е овој пат, се вклучила и општината со машина од битолска „Нискоградба“, а Исков на помош побарал два скипови од РЕК Битола кои исто така чистеле.
Висината на снежната покривка е скоро еден метар, а на одредени места и повеќе од еден метар.
По обилните врнежи во ноќните часови, утринавата „Македонија пат“ и „Нискогардба“ направија обиди за пробивање на патот. Интервенцијата продолжи во текот на денот, а и вечерва се работи и според зборовите на Исков кој заедно со директорката на подружницата на „Македонија Пат“, Олгица Илиевсака се на терен, рече дека за скоро се очекува патот па биде прооден. Била повикана напомош и приватна фирма која помогнала во расчистувањето.
Оние кои денеска попладне требало да го напуштат хотелот го продолжиле својот престој, вели Исков.
Од Центарот за управување со кризи во текот на денот информираа дека се работи на расчистување на патниот правец кон Пелистер и кон Нижеполе.

















