ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ФОРМИРА РАБОТНОТО ТЕЛО ЗА УРБАНАТА ОПРЕМА И НА ШИРОК СОКАК

На седницата на Комисијата за мандатни прашања, именувања и избори имаше една точка, а тоа беше формирањето на работно тело и именување на членови за изработка на нова Програма за поставување на урбана опрема на територија на Општина Битола.

Претседавачот со седницата, советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски на почетокот на расправата ги прочита имињата на членовите кои доаѓаат од стручната фела, надлежниот Завод и музеј, претставници на Општина Битола, членови на Советот на општина Битола.

Точката беше усвоена едногласно и ќе се најде на седницата на Советот в четврток.

Тие ќе треба да одлучат како ќе изгледаат и дали ќе има согласност за затворање на терасите на угостителските објекти на Широк сокак во зимскиот период.