Попладнево се очекува СОНК да се произнесе околу вчерашниот договор со владата за зголемување на платите од 12 проценти и прекин на штрајкот.
Во изјава за Тера телевизија, претседателот на регионалниот СОНК во кој спаѓаат Битола, Ресен и Демир Хисар, Тони Чавдаровски вели:
„Добив 32 извештаи од страна на претседателите на синдикалните организации и едногласно е одлучено штрајкот да продолжи, бидејќи тие не ја прифаќаат понудата на владата. Не е проблемот во процентите, колку што е во таа методологија за пресметка на платата да влези во колективниот договор, а ние имавме и други барања, за патни трошоци, за К-15 и други барања и затоа овој предлог е неприфатлив за овој регион“ вели Чавдаровски.
Според него, во попладневните часови треба да имаат седница на Советот на СОНК и треба секој претседател да се изјасни колку синдикални организации се за прифакање, а колку не се за овој предлог на владата.
Во овој регион има 38 синдикални организации, а до околу 15:00 часот пристигнати биле од 32 извештаи.












