ТЕРА

REKLAMA???

СИНОЌА МНОГУ ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ И ВО БИТОЛА

Мерната станица на министерството за животна средина лоцирана во индустрискиот дел на Битола синоќа покажа многу високо загадување со МП 2,5 честичките.

На полноќ средно загадување со МП2,5 и ПМ10 честичките имаше во центарот на Битола.

Многу високо загадување беше регистрирано и во скопско Лисиче, Кичево, Тетово, Струмица и Куманово.

Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.

Ова го кажа директорот на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Паолучи, на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот.