ТЕРА

REKLAMA???

СИТЕ КАНДИДАТИ ПОТПИШАА КОДЕКС ЗА ФЕР ИЗБОРИ, ОСВЕН ЈАКИМОВСКИ

Кандидатите за претседател на државата во Државната изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, освен претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“, Стево Јакимовски.

Јакимовски рече дека ќе го почитува Кодексот, но дека нема да го потпише доколку ДИК не гарантира дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средствата за кампањата не се рамноправно поделени.

– Ние учесниците во изборниот процес се обврзуваме дека ќе ги почитуваме сите закони, правила и прописи кои се релевантни на изборите и ќе го почитуваме владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите. Ние учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваме дека нема да вршиме никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната администрација и државната администрација во другите институции или установи финансирани од Буџетот на државата, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговските друштва и претпријатијата со државен капитал, се вели во Кодексот.

Во дел од него се наведува дека учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да користат говор на омраза и нема да вршат дискриминација и омаловажување врз основа на пол.

– Ние, учесниците во изборниот процес исто така недвосмислено се обврзуваме дека ниту едно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на каква било закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или не поддржување на која било политичка партија или кандидат, се вели во документот.