Утрово -3 степени во Скопје-Петровец, Берово,-2 Битола, Демир Капија, Струмица, -1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Велес, Кавадарци, 0 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Дојран, Лазарополе, 1 Охрид, Претор, Прилеп, Дебар, 2 Маврови Анови, 4 Виница, 5 Попова Шапка, 6 Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Утрово е сончево со мала облачност, а по котлините има појава на магла со намалена хоризонтална видливост до 50 метри.
Денеска сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Битола до 15 степени.












