Утрово 1 степен во Берово, Лазарополе, 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Крива Паланка, 5 Струмица, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Битола, Демир Капија, Крушево, 7 Прилеп, Штип, Виница, Велес, Дебар, 8 Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид.
Облачноста преку ноќта се зголеми и утринава е значително облачно само помалку облачност има на истокот од земјата. Преку ноќта дуваше слаб до умерен претежно северен ветер.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови особено во северозападните делови од земјата и понекаде во планинските подрачја ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Битола до 20 степени.












