Минимални измерени температури утрово: -4 степени во Берово, -3 Битола, -2 Струмица, Демир Капија, Тетово, -1 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, 1 Скопје-Зајчев Рид, 2 Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Маврови Анови, Охрид, Претор, Попова Шапка, 3 Виница и 4 степени во Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а во утринските часови во североисточниот дел од земјата и вдолж Повардарието има ниска облачност и појава на слаба магла. Дуваше слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Битола минималната температура -3 а максималната до 12 степени.












