Претпладнево мерната станица на министерството за животна средина во центарот на Битола измери средно загадување со МП10 и ПМ2,5 честичките. Податоците се за состојбата од 10:00 часот.
Во истото време, мерната станица во индустрискиот дел на Битола измери многу ниско загадување.
Утрово високо загадување имаше и во Кавадарци, Охрид и Гази Баба.












