ТЕРА

REKLAMA???

СТЕНТОН ГРАДБА: ПУКАЊЕТО НА ЦЕВКАТА Е НАСТАНАТО НЕЗАВИСНО И НЕПОВРЗАНО СО РАБОТИТЕ НА ТЕРЕН

По вчерашниот дефект на водоводна цевка на улицата „Стив Наумов“ во Битола, по што повеќе часови дел од градот остана без вода, а од битолски „Водовод“ рекоа дека од страна нa изведувачот “Стентон Градба”, предизвикан е дефект, денеска со соопштение се огласи фирмата „Стентон градба“.

„Правното лице „Друштво за производство, промет и услуги Стентон Градба ДООЕЛ Битола”, како општествено одговорна компанија, која секогаш се залага за општото добро и доброто на заедницата и одговорно стои зад квалитетното завршуване на работите, чувствува морална потреба и одговорност да се обрати до граѓаните на општина Битола, кои се засегнати од настанатиот дефект на водоводната мрежа на ул. „Стив Наумов” – Битола.

ДППУ Стентон Градба ДООЕЛ Битола, согласно склучен договор за јавна набавка на работи со општина Битола и ги извршува градежните работи во врска со реконструкцијата на улица „Стив Наумов”. Во текот на вчерашниот ден, за време на изведувањето на градежните работи, но независно од нив, дојде до пукање на водоводна цевка поради што е прекинато водоснабдувањето на повеќе локации во градот. За вака настанатиот проблем, Стентон Градба ДООЕЛ Битола најодговорно тврди дека градежните работници на терен, ги изведуваа градежните работи согласно потребното внимание и стручност кое се бара при изведување на работи од таков тип.

Пукањето на цевката е настанато независно и неповрзано од изведувањето на работите на терен, па поради тоа овој настанат проблем не можеше ниту да се предвиди, а ниту да се спречи од страна на Стентон Градба ДООЕЛ Битола од причина што, повторно напоменуваме, не зависеше од изведувањето на самите градежни работи. Исто така би сакале да напоменеме дека Стентон Градба ДООЕЛ Битола ги стави на располагање, во целост, својата опрема и персонал, за најбрзо можно решавање на настанатиот проблем, иако истиот не беше причинет од наша страна.

Поради ваквите непредвидени дефекти кои се случуваат со старата водоводна мрежа, Општина Битола започна со реконструкција на постоечката канализациона и водоводна мрежа на улицата Стив Наумов се со цел ваквите дефекти во иднина да не се повторуваат“ стои во соопштението од „Стентон Градба“.