ТЕРА

REKLAMA???

СТОЈАНОВСКИ СВЕДОК НА ИРАНСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Хаифа, трет по големина град во Израел со 290 илјадно население според пописот од 2022 година. Изградена на падините на планината Кармил, населбата има историја која се протега повеќе од 3.000 години, од бронзеното време, место на листата на светско наследство на  УНЕСКО .

Изграден на падините на планината Кармил, седиште е на Универзитет од каде произлегле многу Нобеловци, иноваторите на системот „капка по капка“, на оропедските протези за лицата без нозе…могу други иновации за светот.

Гоце Стојановски е историчар и  студент на постдипломски студии за изучување на Холокаустот на глобално ниво. Стипендист  кој од ноември  го започнал првиот семестар на Универзитетот во Хаифа, програмата е уникатна, интернационална, а Израел е држава која остава впечаток дури и да не сте историчар.

Но вели, за жал, сите прекрасни работи се во сенка на конфликтот кој трае скоро 7 децении откако е формиран, со постојани тензии, сложена политичка ситуација која ескалира. Од 7 октомври ништо не е исто.

Во последниот развој на ситуацијата по израелскиот напад на иранската амбасада на сириско тло ги воскресна вооружените напади врз и од околните арапски држави. Иран најави одмазнички напад, и го спроведе. Нашиов студент како и сите во државата биле информирани од Министерството за одбрана дека во текот на ноќта сабота спроти недела на нивна територија ги очекуваат првите ирански беспилотни летала. Од Универзитетот им наложиле да не излегуваат од студентскиот камупс 48 часа  и сите да бидат во сигурносните соби, скривници што ги има и во скоро сите домови во Израел.

А потоа исчекување… и желбата на Гоце да документира историја. Непосредно пред затворањето на собата напарвил снимка со телефон од блиското дрво и магливото небо. Снимката ги носи звуците на авионите во противракетна одбрана.

Веднаш потоа сигурносната соба била затворена. Со него контактирале и македонскиот амбасадор и битолчанката Шели Леви Друмер. Што се случува следел преку мобилната апликација  Ред Алерт –  ги означува метите на напад неколку секунди пред падот на проектилот.

Позитивните впечатоци на Гоце од оваа посета на Израел се помногубројни – средбата со нобеловци,професионалното истражуање во Јад Вашем, пријателската вечера во која 50тина млади израелци со потекло од Битола зборуваат за градот и пред да разберат дека гостинот од Македонија е битолчанец. Го оставивме да се врати на секојдневните обврски, а тој ни најави дека со својот колега подготвуваат изложба за македонско-еврејски семејства насловена „Аманет“ којашто најпрвин ќе биде отворена во неколку израелски градови, а кон крајот на јуни или јули и во Битола.