Општина Новаци во соработка со министерството за локална самоуправа започна со реализација на уште еден значаен проект за Добромири, темелна реконструкција на една од поголемите улици со должина од 503 метри.

Како што информираат од општината проектот што ќе значи подобрена инфраструктура, поголема безбедност и поврзување со новата пречистителна станица која наскоро ќе започне да се гради.

















