ТЕРА

REKLAMA???

ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР ВЕЛКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА СТАРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во придружба на советникот од ВМРО ДПМНЕ и заменик градоначалник на Битола, Бојан Бојкоски, го посети  Домот за згрижување на стари лица „ Сју Рајдер“  Битола во кој во моментов престојуваат 150 лица за кои се грижат само 7 медицински лица.

„Алармантна е состојбата во сите градови низ Македонија исто како и во Битола. И покрај барањата на домот Сју Рајдер, во овој дом не дошол министер да ги посети 7 години. Центарот кубури со кадар, а луѓето се оставени да се грижат сами за себе бидејќи има само 7 медицински лица на 150 луѓе. Овие луѓе сместени овде се стари лица, пензионери кои никој не најде за сходно да ги слушне нивните барања“, изјави Велковски.

Тој вели дека ги прават овие теренски посети за да можат изворно проблемите, а не што се вели буквално од фотеља да ги носат одлуките кои што треба да бидат од значење пред се за граѓаните и за самите системи во нашата држава.

Директорката на старскиот дом Марина Крстиќ се заблагодари на неговата посета што, како што вели после толку години конечно некој од министерството за труд и социјална политика дојде и го посети домот за стари лица.

„Разговаравме околу проблемите кои што ги имаме со нашата установа околу кадровските прашања, недостатокот на персонал кој што треба да се грижи за старите лица. Исто така имаше средба и со старите лица. Во глобала старите лица кои што се сместени во нашиот дом се задоволни од услугата, домот е релативно нов, реновиран во 2014 година, претходната година имавме неколку зафати, целосно е молерисан, не беше околу 6- 7 години направена таа рабоита, успеавме да набавиме некои нови работи, од индустриски машини, соларни панели, ланската година имавме и доста донации, така што условите во домот се добри, меѓутоа како што кажав имаме недостаток на персонал, кој што во иднина апелирам до наредната влада и министерството за труд и социјална политика, значи првично да бидат приоритет домовите за стари лица, затоа што овие граѓани навистина заслужуваат да имаат еден достоинствен живот“ рече таа.

Техничкиот министер Велковски имаше средба и со раководството на Центарот за социјални работи во Битола.