ТЕРА

REKLAMA???

ТРИДНЕВНА АКАДЕМИЈА НА ВМРО ДПМНЕ ЗА ВАЖНОСТА НА ЕФЕКТИВНАТА КОМУНИКАЦИЈА

Истражувачкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ „Љубиша Георгиевски“ и Фондацијата Конрад Аденуер одржуваат тридневна академија наменета за активисти од ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, насловен како „Важноста на ефективната комуникација во градењето успех“.

Тренинг-семинарот го отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ја истакна важноста на транспарентната и отворена и отчетна комуникација со граѓаните, во време на кампања, но и по преземањето на одговорноста да се води државата.

„Со учеството во политичкиот живот, вие повеќе не сте само граѓанин, туку имате одговорност да ја претставувате на најдобар можен начин ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани. Затоа, таа комуникација мора да биде сериозна, посветена и достоинствена. Граѓаните заслужуваат политичари кои вистински се грижат за државата“ рече Мицкоски.

На отворањето се обратија и Даниел Браун официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, како и Гринтер Крихбаум пратеник во германскиот Бундестаг и портпарол на ЦДУ.

Во своето поздравно обраќање, Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун истакна.

„Професионалниот и позитивен настап е од големо значење за една политичка партија на сите нивоа. Локалното ниво е првата визит-карта на една партија за да ги убеди граѓаните во нејзината суштинска и лична компетентност во политичкото работење. ВМРО-ДПМНЕ е партија со силни корени во градовите и општините. Важно е истите да се зајакнат и понатаму да се развиваат овие вештини и способности, бидејќи довербата на граѓаните секогаш одново треба да се придобие“вели Браун.

Пред присутните свое излагање имаат и Ѓоргија Сајкоски генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски, секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски и членот на ИК и портпарол Марија Митева.

На акдемијата присутни се и локалните претседатели на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола,  Прилеп и Ресен,  Пеце Милевски, Дејан Проданоски и Кире Божиновски.