ТЕРА

REKLAMA???

УСВОЕН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

Доцна попладнево беше усвоен ребалансот на Буџетот на Општина Битола. За ребалансот гласаа 17 советници, а 13 беа воздржани ( СДСМ, Поинаку и Левица).

Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски за денешниот ребаланс вели дека е ребаланс врз основа на добрата реализаиција на буџетот и приходите кои што ги има остварено Општина Битола.

„ Од страна на министерството за финансии сме информирани дека рамката на буџетот се проширува и со самото проширување на тоа се става дел од развојната програма се изменува, со цел оние инфаструктурни зафати кои што се изведени во текот на оваа година истите да бидат исплатени оваа година, односно да не се плаќаат во 2024 година и врз основа на проширувањето дел од К-15 кое што треба да се исплати кон образованието, се предвидени средства,  кои што се сопствени средства на Општина Битола, бидејќи блок дотациите кои што се од министерството за образование се недоволни и затоа се прави овој ребаланс, со цел нормално функционирање и на приватните компании, но и јавните претпријатија кои што ги имаат изведено оние сите градежни работи да бидат платени во текот на оваа година“ рече Бојкоски.

Прашан за ставот искажан од СДСМ пред седницата што ако не го поддржат овој ребаланс, тој вели дека ова е технички ребаланс и дека не очекува дека нема да биде поддржан, меѓутоа вели се може да се очекува, а тоа ќе значи закочување на сите оние проекти кои што треба да бидат исплатени и ќе се закочи исплатата на К-15 во образованието.

СДСМ една од причините за ребалансот се блок дотациите од министерствата, односно од Владата, во кој тие блок дотации треба да завршат во училиштата и второто е ослободување на одредени финансиски средатва кои што планира општината да ги префрли кон јавните претпријатија.

„Ова е сериозен поСпоредказател и потврда на она што ние го зборуваме цело време дека јавните претпријатија се наоѓаат во сериозно лоша кондиција и бараат сламка спас во овој случај од Општината, преку Советот да обезбедат одредени финансиски средатва за да можат да врзат крај со крај до крајот на годината. Ние нема да го поддржиме ваквиот ребаланс“ рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.