Во Брвеница се одржаа 27-те Републички спортски игри на пензионерите во организација на Сојузот на пензионери на Македонија.
Домаќин беше Здружението на пензионери од Тетово. Учествуваа сите здуженија членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија кои освоија први места во сите дисциплини на регионалните спортски игри.
Здружението на пензионери од Битола учествуваше со 18 спортисти и три судии. Од здружението велат дека постигнале голем успех на овие спортски игри.
Им честитаат на нивните пензионери кои зедоа учество на овие игри, а посебни честитки за победниците и освоените први места во следните дисциплини:
– трчање на 80 метри мажи до 60 години
– трчање на 80 метри мажи над 60 години
– пикадо мажи
– домино мажи
– поединачно најдобар во шах мажи беше Томе Тодоровски
Второ место освоија во дисциплините:
– кошарка мажи
– шах екипно мажи















