До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по
котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се
спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде утре и вторник.
Утре се очекува најстудено да биде во Берово со -18 степени, а во Битола -16.
Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.












