Мерната станица Битола 2 на министерството за животна средина, претпладнево во 10:00 часот покажа високо загадување во центарот на Битола со ПМ2,5 честичките и средно загадување со ПМ10.
Мерната станица Битола 1 лоцирана во индустрискиот дел на Битола во истото време измери ниско загадување со ПМ2,5 честичките.
Утрово високо загадување има во некои скопски општини, потоа во Кичево, Тетово, Струмица, Куманово.












