ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ВО БИТОЛА -4 СТЕПЕНИ И СО МАГЛА

Утрово најстудено со -4 степени беше во Битола, Берово, -3 Прилеп, Тетово, Лазарополе, -2 Попова Шапка, -1 Скопје-Петровец, Претор, Струмица, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Дебар, Крушево, Маврови Анови, 1 Охрид, 2 Виница, Гевгелија, 3 Куманово.

Во текот на ноќта ведро и претежно тивко со мала до умерена локална облачност, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Утрово преовладува променливо облачно време, по котлините со појава на магла или ниска облачност со намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри (Пелагонија, Полог, Струмица). Слаба магла има и во Скопската Котлина.

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени. Во Битола до 11 степени.