ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО СТУДЕНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДЕНЕСКА ДО 5 СТЕПЕНИ

Утрово -10 степени на Попова Шапка, -6 Крушево, Маврови Анови, -3 Охрид, Претор, Дебар, -1 Струмица, Берово, 0 Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, Штип, 1 Куманово, Гевгелија 2 Демир Капија, Скопје-Петровец, Кавадарци, 3 Велес.

Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјата се задржа претежно облачно со ниска облачност. Утринава во западните и источните делови оваа ниска облачност е намалена. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Наутро ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Битола до 5 степени.