И пензионери jа следеа седницата на Советот на Општина Битола. Тоа го констатираше и претседателката на Советот која кажа дека на последната седница беше доесена одлука која беше усвоена од 18 советници и дека истата не беше потпишана од градоначалникот .
Имено се работи за барањето, Здружението на пензионери-Битола да добие простор во месните заедници за да имаат пензионерски клубови. Но, како што кажа таа и покрај тоа што нагласила дека вакви пракси имало и во други општини, каде градоначалници се и од двете политички партии, сепак истото не беше потпишано.
Таа рече дека не било потпишано заради некакво повикување на некои законски пречки, па затоа рече ќе го дополни со уште еден член од надлежностите на општоната, каде стои дека надлежност на општината е и промовирање на партнерство и дека немало поголемо партнерство од тоа да се соработува со здружение во кое има над 20.000 членови и уште еден друг член каде надлежност на општината е организирање културни манифестации, како и поттикнување на специфични форми на творештво, а тиа зборваат за пензионески клубови.
Илиевска кажа и дека може да се измени одлуката која била донесена претходниот пат, бидејќи постоеле општини каде што општината обезбедува средства со кој им плаќа закуп и им обезбедува да постојат тие пензионерки клубови.
На гласањето на оваа точка 18 советници беа „за“, а 13 воздржани.
Салата ја напуштија во истоврееме и градоначалникот Коњановски и членовите од здружението на пезнионери.












