ТЕРА

REKLAMA???

ФИЛИПЧЕ: СДСМ СО НОВА ВИЗИЈА ЗА ПРАВЕДНО И ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на 30 Конгрес, ги претстави новата програма и идеолошки документ на партијата кои ќе послужат како темел за идната социјалдемократска платформа. Филипче истакна дека СДСМ е партија со јасна визија за праведно, развиено и демократско општество. Партија која ги става солидарноста, правдата и еднаквоста во основата на своите заложби, бидејќи најсилното општество е она што обезбедува еднакви можности за сите свои граѓани, се вели во партиското соопштение.

,,Сите се раѓаме еднакви, но еднаквите можности ги обезбедува државата.
Во општество каде социјалните разлики растат, нашата задача е да ги намалиме тие разлики преку фер распределба на ресурсите и можностите. Нема среќно општество во кое едни живеат како богови, а другите страдаат. Напредокот што го нудиме не е резервиран за одредени групи или привилегирани слоеви. Тој е за секој граѓанин – за работникот што сака подобри услови, за младите што бараат можности, за земјоделецот што ја храни нацијата, за пензионерот што заслужува достоинствен живот”-рече прерседателот на СДСМ.

Во своето обраќање, Филипче потенцираше дека СДСМ се залага за економија каде трудот е вреднуван, богатството е правично распределено, а правата на работниците се заштитени.

,,Благосостојбата на работниците е наше мерило за успех. СДСМ се залага за економија во која трудот е вреднуван, а правата на работниците се заштитени”-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Стратешката определба на СДСМ останува јасна – членството во Европската Унија.

,,Во време на глобални несигурности, наш приоритет е да обезбедиме стабилност за нашите граѓани. Членството во ЕУ не е само цел – тоа е нашиот пат кон подобар живот.
Членството во Европската Унија е стратешка определба на СДСМ и клучна алатка за трансформација на Северна Македонија во модерна, праведна и напредна држава”-рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави дека новата програма и политики на СДСМ ќе бидат преточени во конкретни мерки и проекти кои ќе овозможат брзи и видливи резултати за сите граѓани. Образованието, здравството, земјоделството, иновациите и технологијата ќе бидат во фокусот на реформите, за создавање праведна иднина за сите. Со оваа нова визија, СДСМ го најавува своето лидерство во времето што претстои, водени од основните принципи на социјалдемократијата.

Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.

„Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!“, истакна Филипче на конгресот.

Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата.

Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици, рече тој.