ТЕРА

REKLAMA???

ФИЛМОТ „ЉУБОВНАТА СОБА“ УЧЕСТВУВА НА ЗНАЧАЈНИ ФЕСТИВАЛИ

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски беше поканет да биде дел од ексклузивниот маркет на ДОК програмата во рамки на Меѓународниот фестивал за документарни и анимирани филмови, што се одржува во Лајпцинг, Германија од 17-23 октомври. „Љубовната соба“, е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија, Сузи Кју продукција и Аворд Филм и Видео. 

Филмот ќе учествува и на 35-то издание на Меѓународниот документарен филмски фестивал во Амстердам во периодот 10-14 ноември, во официјалната програма на IDFA Академијата. Сузана Диневски ќе биде дел од групата од стотина филмски режисери и продуценти, чиј избор е направен врз основа на нивниот профил, мотивација и работен опус.

Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Македонија, Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.