Во драматична завршница Пелистер славеше со 71-67 против словенечки Шенчур Крањ во последниот натпревар на „балонот“ во Златибор. За разлика од првата средба против ТФТ, овој пат избраниците на Марјан Илиевски пред себе имаа далеку посилен противник.
Кај Пелистер се истакнаа Мустафица со 17, Хаџифеговиќ со 16 и Караџовски со 13 поени. Нив ги следеа Карутерс и Сапунџиев со по 11 постигнати поени.
„Горд сум на моите момци што ги победивме двата натпревари, иако беше невозможна мисија пред Златибор поради кратката ротација и сите проблеми. Фала му на Бога, сите сме во добра здравествена состојба и сето тоа што го прикажавме како карактерна особина, пред се во одбраната. Заморот не стигна во третата четвртина, противникот ги казни со поени од транзиција. Имавме и проблеми со фаули, моравме да застанеме во зона и да ги заштитиме клучните играчи. Среќен сум затоа што мечот заврши вака и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во ваков ритам и ќе добиеме симпатија од сите оние кои го пратат овој спорт, за она кое го играме“, рече по натпреварот тренерот Марјан Илиевски.
Следниот натпревар за пелистерци е дуелот против ФМП Академија во третото коло од шампионатот на Македонија, следниот вторник во 18:00 часот во Скопје.












