„Зимската приказна“ продолжува да ја раздвижува Старата битолска чаршија и да создава прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом. Шестиот ден од „Зимска приказна“, беше исполнет со различни содржини.Во Старата чаршија, со драмски и музички точки настапија учениците од ОУ „Даме Груев“, а музичкиот дел беше збогатен и со настап на групите „Амајлија“ и „Адути“.
Прекрасната атмосфера кај Офицерскиот дом, беше надополнета со вечерна програма и настап на ConTruDj, музичката група КОД 369 (Памперс), група “Паркети“ и групата “The Groove”.

Во пресрет на викенд програмата и Дочекот на Новата 2024 година, следуваат уште многу интересни содржини за сите генерации. Во сабота дневната програма кај Офицерскиот дом, вклучува изведба на музички точки од детскиот музички фестивал „Тра ла ла“, а од 11:30 – 12:30 најмладите ќе имаат можност да ја погледнат театарска претстава „Изгубената снегулка“ – во изведба на Бабец театар. Од 12:30 до 13:15 на програмата на Зимска приказна е Новогодишниот мјузикл за деца на Балада арт продукција. Од 13:15 – 14:00 во програмскиот дел за најмладите еТеатарска претстава „Магична потрага по Дедо Мраз“ , а од 14:00 – 14:45 – Театарската претстава „Замрзната Бајка“.

Во Старата чаршија од 11:00 часот новогодишната магија на Битола, вклучува „Новогодишен Слоу Фуд базар“ на Пешачката патека покрај река Драгор, а во чаршијата ќе настапат Магнум Бенд“, Миле Кузмановски и Група „За Мерак“, додека Комуната на Армините-Власите „Браќа Манаки“ Битола, ќе го реализира настанот „Вплотеност на традицијата и современото“. Додека на Широк сокак настапуваат Isavioloncello, Disney маскотите повторно ќе ги разубавуваат празничните денови за најмладите.
Вечерната програма кај Офицерски дом во сабота од 20:00 часот ќе понуди вистинско загревање пред Дочекот на Новата година и незаборавно музичко патување.Програмата ќе биде исполнета со Jingle bell symphony – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола IWConnect и групите „Калабалак“ и „Деспина“.
Фотографии: Општина Битола











