Во 33 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 15, 17, 23, 27, 30, 32 и 36. Исто така извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките.
И во ова коло седумка немаше, а имаше три шестки, секоја од нив вредна по 407.274,00 денари.
Фондот за седумка за следното коло изнесува 85.271.000 денари.
Извлечен беше џокер бројот: 9, 3, 1, 3, 0, 0. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 42.672,00 денари.
Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното коло е 2.750.000 денари.












