ТЕРА

REKLAMA???

ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ, ОД УТРЕ УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА НАСТАВА

Синдикатот за образование, наука и култура го става штрајкот во мирување, а учениците од утре почнуваат со настава. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решевање на работните спорови.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување додека трае решавањето на спорот.

„Ова е само почитување на законот, доколку не се договориме, повторно ќе го активираме штрајкот. Уверени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот“ рече Неделков.