Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова на прес конференција рече дека за само осум месеци сведоци сме на драматично влошување на економската состојба во државата и опаѓање на животниот стандард на граѓаните.
„Последните економски податоци се загрижувачки. Се е поскапено, цените на храната се зголемени за 20%, а некои производи се покачени и повеќе. Државниот завод за статистика измери дека трошоците за живот пораснале за 4,9%. Сметките за струја се зголемени од 20% до 30% а парното владата го покачи за нови 5% – што е силен удар врз семејните буџети. Платите стагнираат, нема зголемување ниту на минималната ниту на просечната плата. Граѓаните од ден во ден имаат сѐ помалку пари и едвај врзуваат крај со крај. И другите економски параметри се лоши. Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%. – Странските инвестиции веќе си заминуваат, таков е примерот со компанијата „Аптив“ а има најави и за нови затворања на фабрики. Неспособноста на Владата на Мицкоски ја турка земјата во економска криза и граѓаните сo право се загрижени“ рече Шукова.
Според неа политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл, а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија и забечежа дека иако Владата уште во вторникот најави замрзнувањето на маржите, оваа недела измина, а одлуката не е донесена.
„Очигледно, интересот на бизнис елитата за владата е поважен од тоа да ги заштити граѓаните“ рече таа и ги повтори седумте мерки кои СДСМ ги предлага, а кои деновиве ги соопшти Филипче.












