32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола ќе се одржи од 2 до 12 октомври.
Фестивалот свечено ќе биде отворен со операта „Рита“ на Националната установа Опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Организаторите на фестивалот Милица и Кирил Рибарски, за годинава за битолската и пошироката публика од Јапонија го носат Казухиро Котецу, бас, кој ќе изведе оперски арии и македонски народни песни. Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција.
Досега ги има обработено песните: Македонско девојче“,легендарната песна од Јонче Христовски – „Ако умрам ил’ загинам“, а потоа и втората верзија на Македонско девојче, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.
Тој на Интерфест настапува на 11 октромври во големата сала на Центарот за култура во Битола со почеток од 20 часот.
Билетите во продажба од 2 октомври од 15:00 до 20:00 часот на билетарницата на Центарот за култиура
Покровител на Интерфест е министертсвото за култура, спонзори Општина Битола и Млекара Здравје.
Медиумски покровител Тера телевизија
Во продолжение поканата до битолската публика на Котецу за неговиот концерт на 11-ти октомври на Интерфест.












