Вкупно 29 семејства ги добија клучевите во социјалната зграда во Велес. На доделувањето присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, градоначалникот Марко Колев, пратеници.
Вицепремиерот Николоски истакна дека покрај изградбата на социјалните станови, приоритет е изградба и на комерцијални згради се со цел да се интервенира на пазарот на недвижности и да се намали цената на станбениот квадрат.
Директорот на АД за станбен и деловен простор истакна дека веќе следната недела ќе се распише јавниот оглас за продажба на становите од комерцијалната зграда во Битола што ја гради ова акционерско друштво.
Како што најави вицепремиерот Николоски, цената ќе биде илјада евра за метар квадаратен за станови и две илјади евра за метар квадратен за деловни простории.












