ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ВРАТИ И ПОДОВИ НА ТРЕТИОТ КАТ СТАРИ 100 ГОДИНИ

На комисиска расправа во Советот на Општина Битола се и годишните извештаи за работа на средните училишта во Битола за учебната 2022-2023 година. Ги презентираа директорите на училиштата.

За оваа учебна година гимназијата „Јосип Броз Тито“ планира реконструкција на третиот кат на гиманзијата, односно замена на подовите и вратите кои биле стари и по 100 години. Секако оваа реконструкција ќе се врши следната година, рече директорката Лидија Споа.

„Во однос на новата учебна година моментално проектот за употреба и одржување кој се однесува на замена на врати и подови, а кои што се стари повеќе од 100 години на третиот спрат и реконструкција и осовременување на хемискиот кабинет, конечно на 20.09.2023 е во Министерството за транспорт и врски и чекаме одобрување да се започне со работа.

Доколку од Министерството за транспорт и врски добиеме во најскоро време одобрение, ќе може да се тендерира за вратите и подовите на третиот спрат, кои што реално ќе треба да ги правиме во летниот период.

За спортските игралишта проектот е до фаза на експропријација.  Во однос на приоритетните потреби за оваа учебна година од годишната програма имаме повеќе проекти , односно вкупно 36“, рече директорката на гимназијата.