ТЕРА

REKLAMA???

АКО ПО ПЕТОКОТ СЕ ПОЗНАВА ПОНЕДЕЛНИКОТ, ТЕШКО ЌЕ ИМ ОДИ СО РЕБАЛАНСОТ

За денеска е закажана седницата на Советот на Општина Битола на која ќе се најде и ребалансот на буџетот за 2025 година. Станува збор за зголемување од некаде 2 милиони евра, а најголем дел од средствата се транфери од владата за проектите со пари од унгарскиот кредит.

На комисијата за финансии претставничката на Одделнието за финансии кажа дека во приходниот дел има зголемување на буџетската рамка и е за 120.390.442 денари. Зголемувањето е направено прво заради одобрените проекти од Владата, проектите со пари од унгарскиот кредит и тој износ е 117.691.511 денари, а исто така дaдени се средства од министерството за култура, за прифатен проект со кој се аплицирало во износ од накаде над 1 милион денари. Исто така и средства од министеството за транспорт за реконструкција на линиска инфраструктурна градба на коловоз на улиците Мукос и Љубојно.

Како што беше кажано, оттука од овие три ставки е зголемувањето на буџетската рамка во приходниот дел, а се друго е исто.

Во расходниот дел, како што беше кажано, програмата на Советот на Општина Битола има намалување, односно со ребалансот износот со кој ќе се финансира оваа програма изнесува 23.936.333 денари, а намалувањето е во делот на персоналниот данок и другите надоместоци затоа што повеќе било испланирано.

Кај програмата за месната самоупраава нема промени, нема промени ниту кај програмата на градоначалниот, во програмата на општинската администарција има зголемување на одредени ставки, зголемување за електрична енергија, додавање за огревни средства, поголеми зголемувања има заради плаќање по судски решенија,  јубијелните наргади на вработените, боледувања, како и и средствата за помош на загинатите и настнаните во Кочани, при што сега сега тука се додаваат 1 милион денари.

Кај противпожаната заштита се додаваат средства за плати и надоместоци, а причината не е, поради како што беше кажано, лошото планирање првично, туку оваа ставка на пожарникарите тековно се троши поради тужбите кои ги добиваат пожарникарите кон Општина Битола, а се однесуваат за неисплатени плати и надоместоци за прекувремена работа, работа за време на празник и за периодот од пред четири години. Исто така испланирани се средства и за униформи за нови пожарникари кои се очекува да се пријават на јавниот повик за ангажирање на определено време.

Кај капиталните трошоци има намалување, а тоа е поради доставената програма од секторот за јавни дејности, немало да се набавува нов сервер, принтери, скенери и мрежна опрема.

Зголемување има кај програмата за социјана заштита, а другите зголемувања се во капиталните проекти од развојнаата програма.

Се додаваат средства за субвенции за јавните претпријатија, односно 4 милиони денари за ЈП „Пазари“, како и субвенциите за полагање на испити за возачка дозвола што беше изгласано на Советот 300.000 денари и уште 300.000 денари субвенции за хидранстки мрежи.

930.000 денари за золошката градина и 2.000.000 денари на Културно информативниот центари, за како што беше речено непречено функционирање и за тековни трошоци, врз основа на нивното барање.

Во спорт и рекреација се додаваат 4 милиони денари изгласани на седница на Совет за младинците и сениорите на РК „Еурофарм Пелистер“.

Кај односното образование се доваат 20.000.000 денари за непречено функционирање и подмирување на обврските, 1.100.000 денари се додаваат во програмата за Заштита на животната средина за зелени поени, 5.000.000 денари за непречено функицонирање на старскиот дом „Сју Рајдер“ и подмирување на трошоците.

Инаку како што беше кажано од страна на советникот Бојкоски, за 2025, 2026 и 2027 година општината од владата за проекти ќе добие 707 милиони денари.

На комисиската расправа, ребалансот на буџетот се гласаше со два гласа „за“, еден против и два гласа воздржани.