ТЕРА

REKLAMA???

АКТИВЕН ВО „ЈАСЕН“ ПОД КОНТРОЛА КАЈ МАЛО ИЛИНО, А ИЗГАСНАТИ ВО МОГИЛА И ЛАЖЕЦ

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите вчера и денеска до утрово 7:00 часот.

25 пожари на отворен простор, од кои 2 се aктивни, 3 се под контрола, а 20 изгаснати.

Се уште гори во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума) и во Општина Струга, Октишка краста (ниска вегетација)

Во пожарите под контрола е и пожарот во Општина Демир Хисар кај с. Мало Илино (дабова шума).

Во изгаснатите пожари е и тој во Општина Могила во атарот на село Могила (ниска вегетација) и во Општина Битола кај село Лажец (депонија).