ТЕРА

REKLAMA???

БЕЛЕЖЕЊЕ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

Центарот во бело. Вака го насловивме овој прилог, а се однесува на белата боја, односно бележењето на печачките премини, кои беа избледени. Видето е направено вчера на крстосницата кај Безистенот, односно кај Борово. Нешто после 9:30 овде екипите на битолски „Паркинзи“ веќе ја имаа завршено работата. Исто така и улицата која води кон крстосницата кај „Стара болница“ беше во нивниот план за бележење, односно белеење на пешачките премини. Тие заедно со учесниците во сообраќајот се снаоѓаа, односно се договара околу протокот на возила.

Од „Паркинзи“ велат дека почнаа со пешачките премини и ќе работата паралелно и на други активности, па ќе продолжат повторно со пешашките премини онаму каде белата боја веќе не е бела, потоа ќе следува и бележење на надолжните линии.

Изминатиот период фокусот на „Паркинзи“ беше црвената боја, односно велосипедксите патеки, а по нив дојдоа на ред и избледените бели пешачки премини.