Изненадување, надеж за промена на состојбите или се на крајот ќе остане само една осамена практика, само една единствена акција – ќе може единствено да ни потврди само времето.
Ние како медиум сме тука и ќе бележиме се што се случува. Ќе реагираме на се секогаш кога сме убедени дека нашата реакција може да ги промени и најмалите проблеми во градот, кога нашата реакција и јавна опомена ќе значат барем и само еден чекор во менувањето на сликата за Битола или подобрување на условите во кои живеат битолчани.

За волја на вистината првична искра на надеж ни дава постапката на ЈП Комуналец и изјавата на директорот, кој не само што се заблагодари за укажувањето туку и најави дека ќе започнат кампања за подигнување на јавната свест односно кампања во која заедно со медиумите и граѓаните ќе ги вложат сите напори да се менува сликата на градот во однос на чистотата и односот кон сметот во градот.
Најважно е дека депонијата за која известувавме лоцирана на
пешачко растојание од Широк Сокак, кај Пелагонка 2 – Стара болница после долги години е расчистена.

Расчистена е веднаш, без натегања чија надлежност е тоа и слични “бирократски” елементи кои често знаат да бидат пречка за брзо решавање на проблемите.

Останува на крајот, ваквите практики да станат секојдневие, а ние како граѓани конечно да почнеме поинаку да се однесуваме кон градот и ѓубрето да го фрламе исклучиво само таму каде што му е местото.











